-Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав, дали ми веруваат да го поддржам предлогот, ако се осмели овој кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло на РСМ и Албанија, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, а пренесува БГНЕС.
Веднаш да се свика Министерскиот совет, да се даде предлог, да се дојде во Народното собрание, изјави поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
-Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и таа не може да биде подобра, изјави лидерот на ГЕРБ.
Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог. Тој појасни дека овој Протокол се уште не е потпишан.
-Гласањето недоверба е парламентарна практика. Нинова 7 пати побарала недоверба и не сме ја нарекле мафија. Ако имаме премиер да свика собраниска седница, ќе влеземе ние 59 пратеници на ГЕРБ, додаде Борисов. Да се реши прашањето со РСМ пред гласање, да не се срами Бугарија како мрачен субјект, нагласи Борисов.