ноември 23, 2024

Протест пред Собранието, пред зградата поставени 120 столчиња!

Вработените во јавниот сектор од денес се во генерален штрајк откако на вчерашната средба ССМ и владините преставници не се договорија за зголемувањето на платите во јавниот сектор.

ССМ го започна протестот во 10 часот пред Собранието и ќе трае до 14 часот при што ќе има и посебен сообраќаен режим.

Пред Собранието беа поставени 120 столчиња кои ги претставуваат пратениците, од кои се бара да го прифатат амандманот на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Read Previous

На Стоунхенџ 6.000 луѓе го дочекаа изгрејсонцето на јунската долгоденица

Read Next

Јапонка 17 години си ја пушта косата, стигнала до должина од 213 сантиметри