ноември 22, 2024

Доста трпевме, ова е вистината за ГТЦ, дуќанџиите на протест пред Владата

Сопствениците на деловен простор во ГТЦ денеска одржаа протест пред Владата, на кој побараа итно решавање на бројните проблеми во трговскиот и примена на законската регулатива.

Тие велат дека веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат, на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата.

Се бараат и директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ.

Read Previous

Почна владеењето на ракот: Еве што не сте знаеле за овој хороскопски знак и со кого најдобро се согласува во љубовта!

Read Next

Ништо од можниот бојкот, Ковачевски, Рама и Вучиќ, сепак ќе одат во Брисел