ноември 23, 2024

11-годишната Теа конечно ја доби првата доза терапија за ретката болест која ја чекаше од март

Среќна сум што денес примив терапија која се надевам ќе ми помогне да станам од количката, да си играм со моите другарчиња и да одам на училиште, вели 11-годишната Теа Јованова, која по неколкумесечно чекање денеска ја прими алтернативната биолошка терапија за нејзиниот јувенилен ревматоиден артритис во Клиниката за детски болести, но не онаа што ја чека од тендерот на Министерството за здравство. Но, и денешниот лек кој ќе го добива еднаш неделно според лекарите може да даде уште подобри резултати. Храбрата Теа и нејзината борбена мајка го вклучија алармот и ги размрдаа надлежните институции…

Рацете и нозете на Теа се вкочанети, постојано има болки а веќе има и други здравствени проблеми. Директорката на Клиниката за детски болести вели дека денеска ќе биде под нивни надзор за да имаат увид како реагира на терапијата. Целта им е да нема негативни последици туку малото девојче да го оствари сонот и да стане лекар ревматолог.

Теа имаше храброст и проговори колку е тешко дете да биде лишено од училишните клупи поради болеста и колку е тешко да нема терапија. Но таа е само една од многуте кои се соочуваат со вакви проблеми.

Според информации на Сител, утре состанок има Комисијата за ретки болести на кој стручните лица ќе дискутираат и ќе бараат биолошка терапија да има на позитивната листа а не подари долгите бирократски тендерски процедури кои се во моментот, пациенти да чекаат лек.

Read Previous

Владата на Косово и на Албанија постигнаа договор за 19 точки

Read Next

Камбоџанец ја улови најголемата слатководна риба во светот досега