Советот за општи работи на ЕУ денеска треба да дискутира за францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на Македонија и Бугарија.
На состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на земјите-члеки, но останува неизвесно каков ќе биде ставот на Бугарија.
Иако се најавуваше вчера во Софија, не се закажа седница на Комисијата за надворешни работи, а претседателот Радев побара од премиерот Петков да не се крие зад собранието.
Предлогот е работен документ од Франција, која претседава со Советот и зема предвид различни предлози.
– Ова не е бугарски документ, па не може да се оквалификува како предавство или некакво повлекување. Имаме забелешки и за јазикот и за тоа како се користи терминот „малцинство“ Ова утринава го изјави Димитар Гардев, меѓународен секретар на „Има таков народ“.
Според него францискиот предлог е од исклучително значење и треба да биде разгледан во Народното собрание и во Советот на министри, рече тој.