ноември 23, 2024

Ковачевски во пресрет на ЕУ самитот одржа вонреден состанок со Еди Рама и Александар Вучиќ

Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама, објави премиерот Ковачевски.

-Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.

Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид, вели Ковачевски.

Read Previous

Коалициониот партнер на СДСМ во владата, Милевски не го прифаќа францускиот предлог

Read Next

Заседава Советот за општи работи на ЕУ