септември 22, 2024

Мик Џегер позитивен на Ковид-19, одложена турнејата за 60-годишнината на бендот

Пејачот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер вчера објави дека е заразен со коронавирусот, со што се откажува нивниот настап во Амстердам, Холандија.

„Многу ми е жал што мораме да го одложиме шоуто во Амстердам со толку кратко известување вечерва. За жал, штотуку испаднав позитивен на Ковид. Нашата цел е да го презакажеме датумот што побрзо и да се вратиме што поскоро“, напиша 78-годишниот пејач на Твитер.

Легендарниот британски бенд ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид на 1 јуни, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата.

Read Previous

Макрон во посета на Романија и Молдавија

Read Next

Смирете го расплаканото бебе за 3 секунди: Познат педијатар покажа техника поради која родителите му се заблагодаруваат!