ноември 22, 2024

ЕУ купува околу 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

Еврокомесарката за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес, изјави дека ЕУ денеска ќе потпише договор со еден производител на вакцини, без да прецизира кој, за испорака на околу 110.000 дози против мајмунска сипаница од крајот на јуни.

На маргините на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, Киријакидес рече дека вакцините ќе бидат купени со средства од ЕУ и ќе бидат доставени до земјите-членки, пренесе Ројтерс.

Read Previous

Османи: Формален договор со Бугарија се уште нема!

Read Next

Битиќи: Мерките за справување со кризата, веднаш по усвојување на ребалансот на буџетот