Осум пратеници во бугарскиот парламент од партијата „Има тако народ“ (ИТН) го нашуштаат лидерот Слави Трифонов.
Трифонов минатата недела реши да излезе од владината коалиција.
Осумте пратеници се организирани од министерот за спорт на ИТН, Радослав Василев, кој, според биугарските медиуми, бил против напуштање на владата.
Како што пишува 24часа.бг, тие ќе ја напуштат пратеничката група на ИТН, но се уште не постигнале договор за соработка со партијата на Петков „Продолжуваме со промените“.
Во групата пратенивци се досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, Николај Рамунов, Иво Атанасов, Светлин Стојанов, Ивајло Христов, Дејат Петков, Георги Георгиев и Христинка Иванова.
Со овој потег на осумте пратеници, пратеничката група на ИТН останува со 13 пратеници, колку што моментално има и опозициската партија „Преродва“.