ноември 23, 2024

Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура 14, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Read Previous

Возачите на ЈСП излегуваат на протест, платите се мали, условите за работа тешки!

Read Next

Учениците одат на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта