Возачите од ЈСП „Скопје“ од среда најавуваат секојдневен претпладневен протест од по еден час кој ќе се одржи пред управата на градското претпријатие.
Независниот синдикат на возачи соопшти дека протестот е поради малите плати и тешките услови за работа а од 11.00 до 12.00 часот ќе нема кој да ги вози автобусите.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ланската година ја заврши со загуба од 3,3 милиони евра, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изјави дека протестот е политички мотивиран од независниот синдикат.
Пред еден месец Александар Стојковски.беше назначен за нов директор на ЈСП на местото на Иван Илиевски, кој си даде оставка по само пет месеци на функцијата.