мај 6, 2024

Невреме во Александровац, делови од Ниш останаа без струја

Најавениот дожд и невремето најпрво пристигна на југот на Србија.

Ниш и неговата околина нешто по 15 часот ги зафати невреме и грмотевици, а потоа лошото време се пресели на север. Во Ниш врнеше силен дожд проследен со ветер и грмежи. Поради лошите временски услови, некои делови од градот останаа без струја.

Според нишките медиуми, струја нема во населбата Паси Пољана, дел од Палилула и булеварот Византиј. На самиот југ на Србија, кај Грачаница, паѓа силен град./Makfax

Read Previous

Кој е таткото на детето на познатата Амбер Херд?

Read Next

Возачите на ЈСП излегуваат на протест, платите се мали, условите за работа тешки!