• мај 19, 2024

Кој е таткото на детето на познатата Амбер Херд?

Се вели дека тој е еден од највлијателните луѓе во светот.

Судењето на Џони Деп и Амбер Херд го украде вниманието на публиката ширум светот, а барем судејќи според мрежите – Амбер живее многу помирен дома со ќерката Уна.

Актерката го претстави своето дете на светот во јули 2021 година, откривајќи дека е родена порано во април истата година, а еве што знаеме за нејзината едногодишна ќерка.

На 1 јули 2021 година, Амбер го изненади светот со фотографија на која го гушка своето новороденче. Потоа напиша дека е возбудена затоа што оваа радосна вест може да ја сподели со своите фанови.

„Пред четири години решив дека сакам да имам дете, но сакав да го направам тоа по мои услови. Сега ценам и разбирам колку е радикално за нас жените да размислуваме за еден од најосновните делови од нашата судбина на овој начин“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

„Се надевам дека ќе дојдеме до тој степен да се нормализира дека не сакам да имам прстен за да имам креветче. Дел од мене сака да потврди дека мојот приватен живот никогаш не е важен, а исто така разбирам дека природата на мојата работа ме принудува да преземам контрола над тоа. Мојата ќерка е родена на 8 април 2021 година, се вика Уна Пејџ Херд и таа е почеток на остатокот од мојот живот“, изјави актерката.

Таа на интернет откри и дека и е „мама и тато“ на својата ќерка, откако се родила со помош на сурогат мајка.

Амбер напиша: „Јас сум само мајка и тато. Таа е газда“.

Кој е таткото на детето?

Амбер беше во врска со основачот на Тесла – Илон Маск, а Џони Деп тврдеше дека имала врска и со актерот Џејмс Френк, но никогаш не се откри навистина кој е таткото на бебето.

Се шпекулираше дека можеби таткото е Илон Маск, но дека детето е родено од сурогат мајка со ДНК материјал на Маск.

Писателката Џесика Рид Клаус изјави дека блиски анонимни извори тврдат дека Маск донирал сперма за Херд да забремени и дека тој е биолошки татко на девојчето. Маск никогаш не се огласи во таа прилика.

Од друга страна, се споменува и варијанта на сурогат мајка и донатор кој е анонимно лице, но добро познато на Амбер Херд, пишува Hello.

Read Previous

Шест најверни хороскопски знаци: Со вас ќе бидат и во добро и во зло

Read Next

Невреме во Александровац, делови од Ниш останаа без струја