ноември 22, 2024

СЗО: Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи паѓа речиси насекаде во светот

Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи пријавени на глобално ниво во минатата недела падна насекаде, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во соопштението се вели дека новите потврдени случаи на инфекција паднале за 12 насто на повеќе од три милиони, а пријавените смртни случаи паднале за 22 насто на околу 7.600.

СЗО наведува дека континуираниот пад на бројот на заразени со коронавирусот, кој го достигна врвот во јануари, е многу охрабрувачки тренд.

Сепак, агенцијата предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена и повика на претпазливост, иако многу земји се откажаа од своите мерки за борба против вирусот.

Read Previous

Една остава бакшиш од 3000 долари, друга бега од ресторанот без да плати сметка: Која од семејството Кардашијан е скржава?

Read Next

Шест најверни хороскопски знаци: Со вас ќе бидат и во добро и во зло