ноември 22, 2024

Во Виетнам пуштен во употреба стаклен пешачки мост долг 632 метра

Во планинска туристичка дестинација во Виетнам, свечено е отворен стаклен пешачки мост на 150 метри височина, а долг е 632 метра.

Мостот Бач Лонг, што во превод значи бел змеј, се наоѓа во провинцијата Сон Ла, северозападно од главниот град Ханој.

Гинесовата книга на рекорди покажа оти најдолгиот стаклен мост е во Кина, со должина од 526 метри. Но, Здружението на светски рекорди на своите страници дводелниот виетнамски мост го нарекува најдолг на светот.

Тоа е трет стаклен мост што изминатите години е изграден во Виетнам.

На мостот може истовремено да бидат до 450 лица .

Округот Мок Чау е еден од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, познат по боровите шуми, пештерите и лилјаците, водопадите, езерата и ридските плантажи со чај.

Read Previous

Што претставува дупчето на увото? – Вистинска реткост, воопшто не би требала да биде тука!

Read Next

Косово одбива да учествува на следниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“