ноември 23, 2024

Активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ продолжува, за 18-ти јуни најавуваат голем протест!

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донесе одлука за продолжување на активната блокада на Собранието, како и организација на голем народен протест на 18 јуни, соопшти вечерва потпретседателот на опозицијата Тимчо Муцунски.

„На 18 Јуни ќе се одржи голем народен протест. Извршниот комитет одлучи да ја продолжи активната блокада на Собранието, а воедно ја оставаме отворена вратата за нови чекори во периодот кој следи. Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Премногу е, ова е протест за промени“, рече Муцунски.

Тој додаде дека партијата ќе разгледува и понатамошни чекори се додека не се организираат предвремени парламентарни избори.

Read Previous

ЕУ стравува: Ако Скопје и Софија не го решат спорот до јуни, тогаш ќе има длабока криза во регионот

Read Next

СДСМ: Каков дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја заменува со протести