ноември 23, 2024

Борел: ЕУ ќе ѝ даде на Украина уште 500 милиони евра воена помош

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, вети дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина. Тој во разговор со медиумите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во северна Германија изјави дека воената поддршка ќе биде за тешко оружје, како што се тенкови и артилерија и ќе ја зголеми помошта од ЕУ за Украина на околу 2 милијарди евра.

„Нов поттик за воена поддршка. Тоа ќе биде поголем притисок врз Русија со економски санкции и продолжување на меѓународната изолација на Русија и спротивставување на дезинформациите“, изјави тој.

Борел посочи дека е уверен оти во наредните денови може да се постигне договор за ембарго на руската нафта.

Read Previous

ФОТО: Украински коментатор од засолниште ги пренесува настаните на Евровизија

Read Next

Србија: Во 97 основни училишта утрово стигнале дојави за поставени бомби – биле лажни