Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали Претставничкиот дом на САД поради одобрениот пакет помош за Украина од 40 милијарди долари.
Пакетот мора да биде одобрен и од американскиот Сенат, пред да го потпише претседателот Џо Бајден, пишува Би-Би-Си.
Зеленски во обраќањето изјави дека средствата ќе обезбедат оружје, муниција и поддршка за „истрагата за воени злосторства, како и за дипломатските напори“.
Претседателот на Украина му се заблагодари и на Бајден за потпишувањето закон, со што се овозможува брза испорака на опрема во земјата. – Едноставно кажано, се работи за програма со што ќе добиеме сè што ни е потребно за одбрана, истакна Зеленски.