Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати казна од 110 илјади долари и да исполни други услови доколку не сака да биде повикан на одговорност и за непочитување на Судот.
Судијата Артир Енгорон го обвини Трамп дека за време на сослушувањето под заклетва дал лажна изјава во врска со барањето да достави документација за неговиот семеен бизнис со недвижнини.
Енгорон истакна дека паричната казна од десет илјади долари дневно изречена на Трамп во април оваа година престанала да важи во петокот, кога пренашниот претседател и неговите адвокати дале нови изјави под заклетва и изнеле детали за чекорите што ги презеле за пронаоѓање на документациајта побарана од Обвинителството.
Трамп во изјавата дадена под заклетва на 6 овој месец наведе дека не поседува никакви релевантни документи.
Судот донесе одлука до 20 мај асистентите на Трамп и сметководителите што се запознаени со начинот на кој се водела евиденцијата, детали за чувањето и уништувањето на документацијата и како се пишувани извештаите во компанијата на Трамп мораат да дадат изјави под заклетва, во спротивно повторно ќе биде активираната претходно изречената казна. Главната државна обвинителка Летиша Џејмс изјави дека во истрагата се откриени докази дека компанијата на Трамп што управува со негови хотели, голф-терени и други недвижнини ширум светот, на банките и даночните власти им давала лажирани информации за финансиското работење, за на тој начин да стекне право на бенифиции при финансиски трансакции како повластени кредити и даночни олеснувања.