ноември 23, 2024

Драги: САД и Русија да седнат на преговарачка маса за да најдат решение за Украина

Италијанскиот премиер Марио Драги синоќа во Вашингтон ги повика САД и Русија да седнат на „мировна преговарачка маса“ за да најдат решение за излез на Украина од руската агресија.

„Потребно е да се вложат напори и да се седне на маса да се преговара, а таков напор мора да направат сите сојузници, но секако и Русија и САД“, рече Драги.

Во изјавата еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, Драги истакна дека „сите мора да преговараат“. „Украина, се разбира, е главниот актер на таа преговарачка маса, затоа што треба да се избегне секаков сомнеж во тоа дека мирот е наменет, дека тоа е мир кој им одговара на САД, Европејците или Русите, а кој не би бил прифатлив за Украинците“, рече италијанскиот премиер.

Read Previous

Вучиќ од Брисел: Постои апсолутна потреба да се посветиме на натамошниот напредок и работа на иницијативата „Отворен Балкан“

Read Next

Трамп соочен со нови казни поради непочитување на Судот