Во Скопје денеска ќе биде отворен почесен Конзулат на Грузија, како нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во 2019 година.
На отворањето се најавени обраќања на Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија и проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје и почесен конзул на Грузија во земјата. Ќе бидат присутни и претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во државава.