ноември 22, 2024

Верувајте и на својата интуиција и бидете независни: Овие 5 работи го попречуваат вашиот личен напредок!

Страв. Тоа ни го преокупира умот и не спречува да напредуваме. Стравот е главната причина зошто понекогаш одолговлекуваме и ја губиме самодовербата, бидејќи целосно не парализира. Стравот, сепак, не е единственото нешто што стои на патот на нашиот успех и лично задоволство. Еве што не спречува да ги постигнеме овие цели…

Споредба со другите

Споредбата може да биде поттикната од негативен внатрешен монолог во кој секогаш сме најлоши. Кога често си кажувате дека сте неспособни, логично е дека ќе почнете да верувате во тоа и ќе ја изгубите храброста и волјата да дејствувате продуктивно. Нашиот совет е да се фокусирате на себе, каде сте денес, каде бевте вчера и каде се гледате себеси во иднина, и да заборавите на споредбите со другите. Само тогаш ќе добиете вистинска слика за тоа колку напредувате.

Премногу самокритика

Корисна е здрава доза на самокритика. Тоа мотивира и помага на патот кон целите. Меѓутоа, ако сте (пре)суров критичар на себе, ова може да биде огромна пречка за вашиот напредок.

За се што сакате да направите чекате дозвола од другите

Често барате совет од блиски луѓе и ретко постапувате без нивно одобрение, дури и кога станува збор за прилично едноставни одлуки. Најмногу се грижите да не разочарате никого, на сметка на се останато. За вас, сепак, би било подобро да почнете да и верувате на вашата интуиција и да станете понезависни.

Сè правите сами

Барањето помош е знак на слабост за вас. Сакате да успеете сами и да работите напорно за да ја постигнете целта. Би било препорачливо да се прекине оваа практика. Нашиот следниов предлог може да ви помогне во тоа. Запишете ги трите работи кои моментално ви предизвикуваат најмногу проблеми. До секое, напишете го името на личноста која веќе има искуство во оваа област. Запишете ги прашањата што сакате да ги поставите на секој од овие луѓе. Јавете им се и поставувајте им прашања.

Го чекате вистинскиот момент кој никогаш не доаѓа

Ги одложувате важните работи бидејќи наводно не е вистинското време за нив. Секогаш имате нешто друго пред нив, иако на сите им е јасно дека само одложувате. Се оправдувате со недостаток на искуство кога не се пријавувате за работа, недостаток на време кога не се појавувате на состанок со колегите и се друго секогаш има предност пред работите кои се клучни за вашиот личен напредок.

Read Previous

Секој ден ги притискала ушите со штипка: Резултатите се неверојатни

Read Next

Весели и Тачи се изјаснија за невини во Хаг