ноември 22, 2024

Мистериозен хепатитис ги напаѓа децата низ светот – еве во што се сомневаат лекарите

Бројот на пријавени случаи со хепатитис кај мали деца во светот е 169, а едно дете починало. Само во Велика Британија 114 деца се разболеле, а 10 ќе мора да одат на трансплантација на црниот дроб, пишува Би-Би-Си во опсежна анализа.

Се верува дека причината за овој хепатитис е аденовирус.

Повеќето болни деца се на возраст од пет години или се уште помали и имале симптоми на гастроентеритис – дијареја и гадење, а потоа следува жолтило на кожата и очите, што значи проблеми со црниот дроб. Се истражува и потенцијалната поврзаност со коронавирусот, односно дали децата кои прележале неодамна се изложени на поголем ризик од зараза.
Симптомите се слични како кај досега познатите зарази со хепатитис, но тестовите за овој вирус се негативни.

Теоријата за аденовирус е издржана, но сѐ уште не е докажана.

Read Previous

Руските сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади!

Read Next

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат платите, парите за дневници и патни трошоци назад кај граѓаните