септември 22, 2024

Папата бара средба со Путин

Папата Франциск изјави дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, за да разговара за запирање на војната во Украина, но не добил одговор.

Папата вели дека околу три недели по војната, тој побарал од највисокиот дипломат на Ватикан да испрати порака до Путин за организирање состанок.

„Се уште не добивме одговор и се уште инсистираме. Се плашам дека Путин не може, и не сака, да ја има оваа средба во овој момент. Но, како не можете да престанете со толку бруталност?“, вели папата во интервју за италијанскиот весник „Кориере де ла сера“.

Read Previous

ВИДЕО: Опседната куќа со 2.000 врати и 10.000 прозорци привлекува туристи

Read Next

Се судрија два автобуси во Прилеп, повредени повеќе од 20 патници