ноември 25, 2024

Петровска: Почит и незаборав за четворицата војници загинати во 2001 кај Вејце

Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден – 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во касарната ,,Илинден“ во Скопје, спомнуваме за жртвата на припадниците на Армијата и на припадниците од составот на МВР, што нѐ обврзува да си ја сакаме и чуваме татковината. Да се грижиме за нивните семејства и колеги, за сите припадници на безбедносните сили, како што тие се грижат за нас.

Споменот нѐ учи заедно и единствени да ја градиме иднината, во мир и соживот. Слава им и вечен спомен!, објави на Фејбук министерката за одбрана Петровска.

Read Previous

НАТО директори на состанок во Скопје

Read Next

Гутереш: Апсурд на 21 век е војната во Украина