ноември 25, 2024

Стојанче Ангелов им одаде почит на загинатите кај Вејце во 2001

Претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов денеска им одаде почит на загинатите припадници на Армијата и на полицијата кај Вејце на 28 април 2001 година.

– Дваесет и една година подоцна, осум црвени ружи и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски бранители, убиени во крвавата заседа кај село Вејце. Да не се повтори, да не се заборават: Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24) и Бошко Најдовски (24), сите од Битола. Вечна Ви слава, херои македонски, напиша Ангелов на својата Фејсбук страна.

Read Previous

Денеска е најсреќниот ден во годината по Велигден – еве и зошто!

Read Next

Донфрид: Северна Македонија исполни тешки задачи, заслужува брз напредок