мај 15, 2024

Ширер: Не можам да поверувам што направи Бензема

Од редовите на Реал повторно во центарот на вниманието беше Карим Бензема кој постигна два гола. Посебно Бензема го привлече вниманието со неговиот втор гол и трет за Реал кога реализираше од пенал со „паненка“.

Паненката на Бензема ја коментираше и англиската легенда Алан Ширер.

„Можам само да се насмевнам и да кажам – не можам да верувам што направи! Од една страна тоа е ароганција, но од друга страна мора да се признае дека станува збор за способност и храброст да се изведе нешто такво во толку важен момент. Бензема изгледа како да станува се подобар и подобар“, прокоментира Ширер.

Бензема сезонава е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите со 14 постигнати гола.

Read Previous

Откриен најголемиот подземен град во светот, еве каде се наоѓа

Read Next

Првиот човечки случај на птичји грип H3N8 е потврден во Кина, хоспитализирано е четиригодишно дете