ноември 22, 2024

Турски филм го освои Нетфликс – за само неколку денови стана еден од најгледаните

Турскиот филм „Љубовни тактики“ (Love Tactics) стана еден од најгледаните на Нетфликс, а веќе се споменува снимање и на продолжение.

Филмот е објавен во средина на февруари, a само неколку дена по премиерата стана еден од 10-те најгледани филмови во 60 земји.

Во главните улоги се Демет Оздемир и Шукру Озилдиз, а после големиот успех, од публиката почнале да пристигнуваат барања за снимање на второ продолжение.

Во филмот станува збор за успешна блогерка, модна дизајнерка и експерт за маркетинг, која не верува во љубов и се обложува дека ќе го натера другиот да се заљуби користејќи необични методи.

Read Previous

Ги тужел колегите затоа што му приредиле забава за роденден, па добил отштета од 450 илјади долари

Read Next

Стејт департментот по случувањата во Битола: САД даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ