ноември 25, 2024

Зеленски: Војната ќе завршеше ако Украина го имаше неопходното оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави Украина можеше да ја заврши војната ако го имаше неопходното оружје.

Тој ги повика партнерите на Украина да достават муниција и оружје, истакнувајќи оти „нивната морална должност пред сè е да помогнат во заштитата на слободата, да помогнат да се спасат животите на илјадници Украинци“.

– Затоа ја нагласувам едноставната вистина буквално во секој контакт со лидерите на демократскиот свет, во сите преговори, во сите интервјуа. Неправедно е што Украина сè уште е принудена да го сака она што нејзините партнери го чуваат со години, наведе Зеленски.

Тој истакна дека „е очигледна тактичката супериорност на украинската армија“. Во оваа војна, руската армија засекогаш ќе остане запишана во светската историја како можеби најварварската и најнехуманата војска во светот, наведе Зеленски, додавајќи оти руската армија намерно убива украински цивили, уништува населени места и цивилна инфраструктура и користи секаков вид оружје, вклучително и забрането со меѓународните конвенции. 

Read Previous

Пентагон: Украина добива борбени авиони

Read Next

Состанок на Советот за безбедност на ОН за Косово