ноември 22, 2024

Подољак: Невозможен е цивилизиран дијалог со Русија

Главниот украински преговарач и советник на претседателот, Михаило Подољак изјави дека преговорите со Русија  станаа многу покомплицирани по воените злосторства на руските сили во градовите Буча, Мариупол и Волноваха.

Тој истакна дека Украина побарала од Русија да отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Бердјанск, но Москва го одбила барањето.

– Невозможен е цивилизира дијалог со Русија, истакна Подољак. Според Обединети нации досега во војната во Украина убиени најмалку 2.072 цивили, а 2.818 се повредени, повеќе од 4,9 милиони луѓе ја напуштија земјата, а над седум милиони се внатрешно раселени. 

Read Previous

Тренчевска: Очигледно на СОНК им се важни само парите, не зборуваат за унапредување на правата на вработените

Read Next

Би-би-си: Ајвар – балканскиот вегетаријански кавијар