ноември 22, 2024

Бајден не планира да го посети Киев, соопшти Белата куќа

Нема планови американскиот претседател Џо Бајден да го посети Киев, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, и покрај притисокот од Украина да го направи тоа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Бајден да ја покаже поддршката на САД за борбата против Русија со посета на Киев.

Зеленски на 17 април рече дека мисли дека Бајден ќе го посети украинскиот главен град, но рече дека одлуката е на американскиот претседател и ќе зависи од безбедносната ситуација.

Неколку европски лидери отпатуваа за Киев и се сретнаа со Зеленски, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју емитувано на 17 април на американската телевизија CBS рече дека посетата на американскиот лидер „ќе биде важна порака за поддршка“.

Read Previous

Тинејџер доби казна од 48.000 евра за прекршување на ковид-карантин во Тајван

Read Next

Тренчевска: Очигледно на СОНК им се важни само парите, не зборуваат за унапредување на правата на вработените