ноември 23, 2024

Бојченко: Од Мариупол насилно депортирани 40.000 луѓе

Градоначалникот на опколениот украински град Мариупол, Вадим Бојченко денеска изјави дека околу 40.000 цивили од тој град биле насилно депортирани во Русија или во украинските региони под контрола на Русија.

– За жал, морам да објавам дека од денеска жителите се насилно депортирани. Проверивме преку административниот регистар дека повеќе од 40.000 луѓе се веќе депортирани, изјави Бојченко на украинската телевизија.

Москва претходно објави дека ја презела контролата врз Мариупол по речиси два месеца крвави борби.
Мариупол сè уште пружа отпор, изјави денеска воен претставник на САД.

Украинските власти побараа од Русија да обезбеди хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика Азовстал.

-Бараме итно да се отвори хуманитарниот коридор од фабриката Азовстал, за жени, деца и други цивили, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Read Previous

Ристевска-Јорданова: Да не се отвора Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ

Read Next

Нови пратки американско оружје пристигнуваат во Украина