септември 22, 2024

Макрон и Марин Ле Пен влегуваат во финалето на кампањата пред претседателските избори

Францускиот претседател, центристот Емануел Макрон и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, влегуваат во финалето на изборната кампања закажана за 24 април.

Една недела пред вториот круг останува неизвесноста, иако според последната анкета Макрон е победник со 53 спрема 55 насто од гласовите.

Во претходниот втор круг од претседателските избори во 2017 година, на кој се одржа истиот дуел Макрон-Ле Пен, тој беше избран со повеќе гласови – 66 отсто.

Предизвикот во вториот круг е да се убедат неодлучните Французи да излезат на гласање, бидејќи 26 отсто од гласачите не излегоа на гласање во првиот круг на 10 април.

Read Previous

Фон дер Лаjен и Блинкен: Војната во Украина ќе трае барем до крајот на годината, ако не и подолго

Read Next

Предупредување на германски епидемиолог: Наесен нè очекуваат „убиствени“ варијанти на коронавирус