ноември 23, 2024

Украина го пополнува прашалникот за ЕУ

Украина го пополни прашалникот, кој ќе биде почетна точка за членство во Европската унија, пишува The Guardian.

„Денес можам да кажам дека прашалникот е пополнет од украинската страна“, изјави Ихор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на претседателот Зеленски. Европската комисија ќе треба да усвои препорака со потребните критериуми за членство на Украина, додаде тој.

„Очекуваме препораката да биде позитивна и потоа одлуката да ја донесат земјите членки на ЕУ“, рече  Жовква, изразувајќи очекување дека Украина ќе добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ во јуни за време на состанокот на Европскиот совет.

Read Previous

Алијанса за Албанците со иницијатива казината, кладилниците да се преместат во хотели со пет ѕвезди

Read Next

Вечерва поскапување на горивата, точете пред полноќ