ноември 23, 2024

Први смртни случаи од ковид во Шангај по појавата на новиот бран

Кинеските власти пријавија три смртни случаи од ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале три постари лица.

Од почетокот на епидемијата во Шангај, од коронавирус починале 4 641 лице.

Шангај е центар на најголемиот ковид-бран во Кина од почетокот на пандемијата.

Минатата недела имаше по 26 330 нови случаи, кои во најголем дел се асимптоматски.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, населението од 26 милиони во областа на Шангај и натаму продолжува да живее под полициски час.

Read Previous

Шилегов: Бегајќи од минатото, Бугарија создава своја погрда иднина

Read Next

Алијанса за Албанците со иницијатива казината, кладилниците да се преместат во хотели со пет ѕвезди