ноември 21, 2024

Нов хит во Шведска: Музеј за селфи

Новиот музеј на самослик, „Јозеум“ во Стокхолм, Шведска, нема уметнички дела на своите ѕидови. Наместо тоа, неговите осветлени, украсени соби се предвидени како забавна позадина за посетителите да може самите да се сликаат и снимаат. Музејот, како што велат – ги претвора своите посетители и во уметници, и во експонати истовремено.

– Можете да си се фотографирате и да креирате „суперсодржина“ за вашиот Инстаграм… Ова е совршено место за Тик-ток видеа, изјави менаџерката Софија Мекиниеми додека ја покажуваше собата со „емоџи“-лицата.

Во другите простории, можете да се закопате во вештачка пена, да позирате под неонски светла или да седите на џиновска розова лулашка…

Концептот „Јозеум“ почна во Холандија, каде што веќе има два такви музеи. Иако постарите генерации можеби се потсмеваат на оваа замисла, 70-годишниот професор Бил Бергвинкл, кој го посетува ова место со својата внука тинејџерка, рече дека треба да го прифатиме тоа.

– Мислам дека така е поставен светот сега и овој необичен музеј, се чини, ја исполнува својата цел, рече тој. 

Read Previous

СЗО: Минатата недела смртноста од ковид-19 опаднала за 43 отсто

Read Next

Она што Путин го нарекува ослободување, јас го нарекувам злосторство, Фон дер Лајен најави нови санкции за Русија