ноември 22, 2024

Санкции и за ќерките на Путин?!

Европската унија размислува за воведување санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на убиствата на украинските цивили, наводно извршени од руски војници, пишува Данас.рс.

Според објава во „Тајм“, предложената листа, која допрва треба да биде одобрена од европските влади, вклучува десетици други поединци, вклучувајќи политички фигури, тајкуни и членови на нивните семејства, како и неколку пропагандисти.

Санкционирањето на ќерките на Путин, Катерина и Марија, е претежно симболичен потег, бидејќи не се знае дека имаат значителен имот надвор од Русија, но има за цел да го привлече вниманието на јавноста.

Животите на ќерките на Путин се опкружени со тајност, тие имаат различни момински имиња и Кремљ никогаш не ги потврдил нивните имиња, ниту објавил фотографии од нив како возрасни.

Во 2015 година Путин откри неколку детали за своите ќерки, меѓу кои и дека и двете дипломирале на руски универзитети и зборуваат неколку јазици.

Марија Воронцова, неговата постара ќерка, е косопственик на компанијата Номенко, која е поврзана со руски претежно приватни инвестициски проекти во здравството.

Катерина Тиконова раководи со Институтот за вештачка интелигенција на Московскиот државен универзитет.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не е запознат со предлогот на ЕУ за санкционирање на ќерките на Путин и рече дека ќе почека тој да биде официјално објавен.

ЕУ планира да таргетира повеќе од десет други лица од одбранбениот сектор и четири банки кои се отсечени од глобалниот платен систем Свифт, но не се под целосни санкции.Предложена е и забрана за увоз на руски јаглен.

Пакетот санкции мора да биде одобрен од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Read Previous

Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на коронавирусот

Read Next

СЗО: Минатата недела смртноста од ковид-19 опаднала за 43 отсто