ноември 22, 2024

Кина во пресрет на самитот со ЕУ: Остануваме неутрални во однос на украинската криза

Лидерите на Европската Унија денеска ќе одржат виртуелен самит со кинеските лидери, со цел да побараат гаранции од Пекинг оти нема да ѝ помогне на Русија во однос на испорака на оружје ниту, пак, во заобиколувањето на економските санкции што Западот ѝ ги наметна на Русија поради инвазија врз Украина.

Главната тема на виртуелниот самит меѓу Кина и ЕУ ќе биде ситуацијата во Украина.

Во пресрет на самитот, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека каква било поддршка од Пекинг за Русија за нападот врз Украина сериозно ќе го наруши угледот на Кина во Европа.

Во меѓувреме, Кина излезе со став оти ја задржува неутралноста по однос на украинската криза.

„Што се однесува до Украина, Кина се придржува до независна мирољубива надворешна политика и носи сопствени одлуки врз основа на факти“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?!

Read Next

Скок од пет позиции: Македонската репрезентација се искачи на 62. место на ранг листата на ФИФА