Во рудникот „Соко“ кај Сокобања утрово околу 5 часот дошло до експлозија на метан, пренесува нова.рс. Според првичните неофицијални информации, во несреќата има осум настрадани рудари, а во тек е акција за спасување на повредените од рудникот.
„Новости“ пишуваат дека 20-тина рудари се заробени во рударското окно. Според медиумот, досега се извлечени 10 лица.