ноември 22, 2024

Руските сили се повлекуваат од околината на Киев?!

Украинската армија во најновиот извештај објави дека „по претрпените значителни загуби“ руските сили се повлекле од околината на Киев.

Двата баталјони на тактичките единици на руската армија се повлекле во Белорусија, што е карактеристично по големи загуби, се наведува во извештајот.

Исто така се наведува дека е  забележано „значително намален интензитет на движење од Русија кон Украина“.

Во меѓувреме, градоначалникот на Чернобил , Јуриј Фомичев објави дека руските војници го напуштиле градот Славутуч, каде беа сместени работниците во нуклеарната централа Чернобил.

Руските сили во саботата ја презедоа контролата врз Славутич и накратко го приведоа градоначалникот. По протестите на жителите на градот, Фомичев беше ослободен.

Read Previous

Зеленски: Борис Џонсон помага повеќе од другите лидери

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Дали агенцијата во сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за мечот Македонија-Португалија?!