мај 19, 2024

Пандев со порака до Османи: Смешен си господине и жален, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев испрати порака до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако тој им вети дека ќе додели дипломатски пасоши на сите фудбалери ако обезбедат место на Мундијалот.

Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија пасоши од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако ја шокираа Италија сред Палермо со 1-0.

Пандев, кој настапува за Парма, испрати порака преку социјалните мрежи која имаше јасна порака до политичарите.

„Смешен си и жален господине, гледај си ја политиката и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, порача Пандев.

Read Previous

Зеленски: Да знаеше Русија што ја чека, ќе се плашеше да дојде овде

Read Next

Од април Албанија ќе има ден без автомобили секоја прва недела во месецот