ноември 22, 2024

Фудбалерите со чартер-лет вечерва се враќаат во Скопје

Разочарување и неверување беа дел од зборовите кои се најдоа во изјавите од италијанската фудбалска репрезентација по вчерашната сензационална победа што ја остварија македонските фудбалери над Италија во Палермо во рамки на баражот за Светското првенство во Катар годинава.

Нашите фудбалери, пак, вечерва треба да се вратат во Скопје и да се свртат кон финалниот меч од баражот кој го играме веќе во вторник (29 март) во Порто против Португалија која синоќа ја победи Турција.

Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот, а селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки против Португалците. Фудбалерите на овој дуел ќе бидат посилни Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои го пропуштија вчерашното полуфинале во Палермо поради жолти картони.

Read Previous

ЕУ постигна договор за гас со САД

Read Next

Бугарија ја започна информативната кампања за кандидат-студентите што сакаат да студираат на бугарските универзитети