ноември 22, 2024

Зеленски: Да знаеше Русија што ја чека, ќе и беше страв да дојде во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до граѓаните преку видеоснимка на Телеграм истакна дека ако Русија знаела што ја чека, ќе се плашела да дојде во Украина.

– Во текот на овој месец ги задржавме сите главни правци на руските удари. Светот примени деструктивни санкции. А и договараме нови, истакна Зеленски.

Тој додаде дека испратил неколку важни апели до учесниците на Самитот на НАТО, на средбата на Г-7, на Самитот на ЕУ и до шведските пратеници.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ се лоши, затоа резултатот е катастрофа

Read Next

Угостителите на Халкидики размислуваат пржените компири да ги заменат со печении