ноември 24, 2024

Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина.

Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија

Тој исто така рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и помогнат на нејзиното основно право на одбрана, но повтори дека основната задача на воената алијанса е да ги брани и заштити членките на НАТО. Со огледа на тоа што Украина не е членка, Алијансата не испраќа војници во земјата, иако го зголемува свЍ ето воено присуство во соседните земји кои се членки на НАТО.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе просечна плата 500 евра, кога трошоци за живот 1000 евра, а најчестата плата далеку под просекот

Read Next

За брзо возење 342 санкции на територија на цела држава