Руската Федерација одбива да им врати на западни лизинг компании над 500 авиони во вредност од 20 милијарди долари, информираше рускиот министер за транспорт Виталиј Савелиев, јавија руски медиуми.
Руската Влада „сè уште не одлучила“ што да прави со авиокомпаниите, што беа принудени да ги остават своите авиони и покрај барањето на сопствениците да ги вратат. Лизинг-компаниите не сакаат да ги продадат своите авиони на Русија, но, обврзани се да продолжат со плаќањето на лизинг.
Европската унија одлучи да воведе целосна забрана за набавка и закуп на авиони, хеликоптери и други летала во Русија, како и нивно осигурување и одржување. На 14 март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува Владата на земјата да ги одземе правата на странските авиони, изнајмени од руски компании. Иницијативата е насочена кон задржување на флотата на странски авиони на руските превозници.