Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, вo Утрински брифинг за состојбата во Украина од аспект на информациската војна.
Забрчанец вели дека е Македонија е дел од западниот комуникациски систем и се координира со западните комуникациски пораки. Тој додава дека се следат на интернет различни платформи кои шират руска пропаганда и велат дека Русија ѝ се заканува на Македонија со некои смешни наслови.
-Се поставуваат слики од лидерот на Левица со Путин со наслов „Конечно некој нормален“. Ако тоа е нормално, тогаш мнозинството излегува дека е ненормално, вели Забрчанец.
Забрчанец вели дека не се сомнева дека на среден рок ќе се изгуби битката против пропагандата, оти позициите се јасни.
Македонски Телеком дури пред два дена ја тргна руската пропагандна телевизија РТ (Раша тудеј), каде сопственик е и владата.
-Резултатот е дека Северна Македонија успеа да ја исклучи РТ. Не мислам дека ваквите примери ќе доживеат замор. Мислам дека руската пропаганда ќе се замори. Македонците доминантно се за НАТО, ЕУ и демократија. Македонскиот народ има чувства кон Русија, но е против војна, вели Забрчанец.
Во врска со страниците на интернет кои вршат проруска пропаганда и кои сигурно тоа не го прават бесплатно, Забрчанец вели дека Владата има јасна стратегија за сузбивање на дезинформациите и за воведување медиумска писменост. Во делот на кривичното право, правилата се јасни – ако имате закана, тогаш настапува Обвинителството, вели Забрчанец.
-Пропагандата за создавање паника дека ќе нема бензин или храна исто така не успеа. Траеше паниката ден или два и толку. Има обиди за напади на комуникациските системи во земјава, тоа во виртуелниот свет е секојдневие, но одбраната функционира, вели Забрчанец.
Ние не го гледаме НАТО како нешто туѓо, ние сме дел од него. Сме се подготвувале за тој систем и во делот на комуникацијата сме пофалени, вели Забрчанец за Утрински брифинг.