септември 21, 2024

Приведен тетовец баран со потерница

На 22.03.2022 околу 16.30 часот на ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 39-годишниот тетовец А.О.. Тој бил баран со централна потерница од Основниот суд Скопје за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Read Previous

Спасовски: Растат платите на полицајците, водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати

Read Next

САД и НАТО: Белорусија наскоро би можела да ја нападне Украина