
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека растат платите на полицајците. Како што вели тој преговори се водат со сите синдикати и се усогласуваат како МВР со сите нив.
-Доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари, односно зголемена плата за 4.432 денари.
Платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари, односно зголемена плата за 4.508 денари.
Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството го спроведуваме.