ноември 24, 2024

Милиони жители на Шенжен во карантин заради коронавирусот

Седумнаесет милиони жители на јужниот кинески град Шенжен се ставени во картантин откако се пријавени 66 нови случаи на коронавирус, соопшти локалната власт, која исто така го затвори деловниот кварт.

Властите во градот, во кој се сместени технолошките гиганти како „Хуавеј“ и „Тенцент“, побараа од жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на инфекцијата со сојот омикрон.

Властите во последните денови веќе затворија места и ресторани што не се неопходни поради зголемениот број заболени.

Кина само вчера регистрираше 3.393 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу во еден ден од избувнувањето на пандемијата во февруари 2020 година Поради брзото зголемување на бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови на североистокот, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта.

Read Previous

Киев Индепендент: Во руски ракетен напад на станбена зграда во Киев загинаа најмалку две лица

Read Next

Кулеба ја критикуваше долгогодишната политика на Берлин кон Русија