Германската Влада за потребите на сопствените воздухопловни сили сака да набави од борбените авиони Ф-35 од американско производство.
Авионот Ф-35 на компанијата „Локид Мартин“ се смета за најмодерен борбен авион во светот, со специфична форма и надворешна обвивка што го прави тешко видлив за непријателските радари.
Авионот треба да ги замени веќе застарените „Торнада“ во германското воено воздухопловство набавени пред речиси четири децении.
Намерите за набавка на американски борбени авиони сепак се промена во ставот на властите во Берлин и претходните планови за проиводство на заеднични воен авион со Франција.
Германската армија моментално е во процес на замена на веќе застарената и дотраена опрема.
Ггерманскиот канцелар, Олаф Шолц, минатиот месец најави драстично зголемување на трошоците за одбрана на два проценти од БДП. Таквата одлука беше донесена како последица на руската воена интервенција во Украина и наметнатата потреба Берлин да ја преиспита својата надворешна политика, пишува германската агенција ДПА. Шолц рече дека Бундесверот од федералниот буџет за инвестиции и набавка на опрема за вооружување.